„НЕМА ДА СЕ РОДИ ДРУГ ВУЧИЌ ВО СЛЕДНИТЕ 300 ГОДИНИ“ Брнабиќ посакува тој да не се повлече од политиката во 2027 година

Доколку Вучиќ се повлече од политиката во 2027 година, „никој нема да размислува за Србија нон-стоп“, рече Брнабиќ.

202

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека се надева оти претседателот на државата Александар Вучиќ нема да се повлече од политиката во 2027 година, бидејќи, како што нагласи, гарантира дека таков човек нема да биде во Србија во следните 300 години.

„Нема човек кој е 100 отсто посветен на Србија освен Вучиќ. Имам време за мојот приватен живот, не мислам во секој момент на протести и кој дава пари за уривање на власта. Не, но Вучиќ нема приватен живот“, изјави Брнабиќ.






Како што наведе таа, доколку Вучиќ се повлече од политиката во 2027 година, „никој нема да размислува за Србија нон-стоп“.

Поврзани содржини