РАСТЕ ПРОДАЖБАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ НА ПАЗАР Ниските цени во вториот квартал го намалија откупот за 9,1%

Намалување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи во овој квартал споредено со ланскиот е забележано кај групите полјоделството и овоштарство и лозарство, а кај останатите групи на производи е забележано зголемување.

6,503

Во второто тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 4,9% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прикажано во апсолутни бројки откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува повеќе од 3,4 милијарди денари. Од нив откупот изнесува 1,3 милијарди денари, а индивидуалната продажба на производството 2 милијарди денари.






Податоците покажуваат и дека земјоделците поради ниските  откупни цени ја намалуваат понудата на своите производи на откупните компании, а го зголемуваат сопствениот пласман на произведеното.

Така во вториот квартал од годинава забележано е намалување за 9,1% на откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители. Кај продажбата  на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 16,4 %.

Намалување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи во овој квартал споредено со ланскиот е забележано кај групите полјоделството и овоштарство и лозарство, а кај останатите групи на производи е забележано зголемување.

Интересно е тоа што кај житните култури имаме намалување од 3,5%, а кај градинарските култури за 5,4%.

Висок пад од 51,1% во вториот квартал од годинава е забележан и кај откупот и продажбата на овошје, но затоа пак продажбата на алкохолни пијалаци пораснала за 20,7%.

Растот од 1,1% во откупот и продажба на производите во сточарството го прави млекото каде што е забележан раст од 20,5%, но затоа кај добитокот и јајцата забележано е намалување.

Поврзани содржини