ПОПЛАДНЕ И ВЕЧЕРВА ДОЖД И ГРМЕЖИ Има услови за невреме

Во Скопје попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.

1,091

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.






Минималната температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а максималната од 27 до 37 степени. Во Скопје од 20 до 35 степени.

Поврзани содржини