МЕРКИТЕ ЗА ТОПЛОТНИОТ БРАН ЌЕ ВАЖАТ И В ЧЕТВРТОК Владата ја усвои одлуката

Меѓу дополнителните мерки кои продолжуваат да важат до четврток се ослободување од работа за бремените жена и лицата кои имаат над 60 години, забраната за работа а градежни и други работни активности на отворено и други професии со ризик од 11 до 17 часот, градинките да не ги изнесуваат децата на отворено од 11 до 17 часот, додека Црвениот крст, единиците на локалната самоуправа и Центрите за социјални работи да им пружат помош на старите, осамените, бездомните или изнемоштените лица.

466

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток. Мерките предвидуваат:

Oслободување од работни обврски за најранливите групи на населението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15.08.2024 година (четврток).






Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Поврзани содржини