🎥 АЛАРМАНТНО ВО АТИНА Пожарот се прошири кон северниот дел на градот, евакуирани се 7 населби и 2 болници
Евакуации на населени места имаше и во текот на вчерашниот ден, како и доцна во ноќта, а за прием на граѓаните беа отворени спортски сали, како и Олимпискиот стадион во Атина.
Неколку населби во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, како и две болници, рано утрово беа евакуирани поради пожарот што веќе над 16 часа гори без контрола, а во текот на ноќта дополнително се прошири, заземајќи огромни размери, јави дописничката на МИА од Атина.
Во периодот од 5.10 до 5.40 часот утрово беа испратени низа пораки од бројот 112 за итни случаи до жителите на 6 населби, а помалку од еден час подоцна следеше и нова порака за евакуација на уште една населба.
Паралелно беа евакуирани и детска болница и воена болница во конкретниот регион.
Пожарот од источниот дел на областа Атика се прошири кон северниот дел на Атина, а според процените во Грција зафаќа површина од над 30 километри.
Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, рано утрово информираше дека „сите сили на цивилната заштита цела ноќ со бореа и покрај натчовечките напори, пожарот забрзано се прошири“.
Greece has ordered the evacuation of thousands as firefighters combat a surge of wildfires. Officials warned that half the country is at high risk for fires due to soaring temperatures, strong winds, and drought conditions. #Wildfires #PlanetMatters pic.twitter.com/0ZYqcFZi4L
— CGTN Global Watch (@GlobalWatchCGTN) August 12, 2024
Интервенираат 510 пожарникари, со 16 пешадиски тима и 152 возила, како и голем број волонтери, а со првите зраци на сонцето, започна и гаснењето од воздух со 32 средства, авиони и хеликоптери.
-Ветровите во текот на ноќта останаа силни, создавајќи опасни услови. За жал, нивниот интензитет се очекува да се зголеми во следните неколку часа и граѓаните од подрачјата каде што се развива пожарот во секој случај треба да ги следат инструкциите на надлежните – посочи Ватракојанис.
Евакуации на населени места имаше и во текот на вчерашниот ден, како и доцна во ноќта, а за прием на граѓаните беа отворени спортски сали, како и Олимпискиот стадион во Атина.
BREAKING Greece orders evacuations near Athens over wildfires: fire brigade pic.twitter.com/9Ho6WUVvn0
— AFP News Agency (@AFP) August 12, 2024
Во евакуацијата на жителите на зафатените подрачја од пожарот, вклучена е и полицијата, а полицајци одат од куќа до куќа, од врата до врата за евентуално спасување на граѓани.
Паралелно, како што соопшти министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис, два здравствени центри во пошироката област и две болници во Атина се во состојба на зголемена готовност, доколку биде потребна хоспитализација на повредени граѓани.
Засега, регистрирани се само неколку случаи на граѓани кои побарале помош со проблеми со дишењето поради густиот чад.
Чадот е проширен во целата област Атика, а според Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, се простира во должина од околу 100 километри.
Massive wildfire in Greece seen from Airplane #BREAKING #GREECE #ATTICA #GRECIA#Ultimahora #Wildfire #Fire #Incendio #Incendie #Αττική #Φωτιά #Greek #Balkan #Balkans pic.twitter.com/CiL2Br5tlx
— North X (@__NorthX) August 12, 2024