НЕКОЈ ЌЕ ДОЧЕКА, НЕКОЈ НЕ Во Србија 67.500 луѓе чекаат операции, се чека од 5 месеци  до 4 години

Најдолгите листи на чекање се за замена на колк и операција на колено.

210

Во Србија околу 67.500 граѓани чекаат некаква хируршка интервенција, а во зависност од институцијата се чека во просек од 5 месеци до 4 години, покажуваат податоците на Здружението на пациенти, објвија Вечерње новости.

Најдолгите листи на чекање се за замена на колк и операција на колено.






Многумина се одлучуваат за хируршка интервенција, но остануваат без одговор на прашањето што е причината за толку долгите листи на чекање, наведува весникот.

Како причина за долгогодишното чекање за импланти на колк и операција на коленото, поранешната министерка за здравство Даница Грујичиќ рече дека мисли дека намерно се прават долги листи на чекање, за луѓето да бидат принудени да плаќаат за приватни операции.

Поврзани содржини