(ОБНОВЕНО) РАСЧИСТЕН Е ОДРОНОТ НА ПАТОТ КУМАНОВО-КРИВА ПАЛАНКА Сообраќајот е нормализиран
Сообраќајот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланкa беше затворен поради одрон.
Сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај село Страцин денеска од 11:25 часот е затворен за сообраќај во два правца.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот е затворен поради одрон.
ОБНОВЕНО:
Сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај селото Страцин, кој беше во прекин поради одрон, е нормализиран во двата правца, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.