ПРОГЛАСЕНА НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ Актерката Ања Тејлор Џој ја симна Бела Хадид од тронот
Актерката Ања Тејлор Џој ја доби ласкавата титула благодарение на оценката на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој раководи со Центарот за напредна естетска и пластична хирургија во Лондон.
Актерката Ања Тејлор Џој ја доби ласкавата титула благодарение на оценката на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој раководи со Центарот за напредна естетска и пластична хирургија во Лондон.
Оваа одлука е донесена врз основа на компјутерско скенирање на лицето.
Тоа е најпопуларниот метод во светот на естетските процедури. Се заснова на „златниот пресек“, кој е познат и како „божествен однос“.
– Се покажа дека ја има најдобрата поза на очите со резултат од 98,9 отсто, што е само 1,1 отсто од совршената форма. Ања имаше и најдобра оценка за веѓите. Беше блиску до врвот во речиси секоја категорија, освен во усните – изјави Де Силва за „Дејли мејл“.
Второто место на листата на најубави жени во светот според златниот пресек го зазеде Зендаја (94,37 отсто), а на трето место е Бела Хадид (94,35 отсто). Четврта е Марго Роби (93,43 отсто), а петта е актерката Сонг Хи-кио (92,67 отсто). Потоа следат Бијонсе и Тејлор Свифт.
Да потсетиме, Бела Хадид долго време беше на прво место, токму поради нејзините совршени црти на лицето.
– Овие нови техники за мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што ги прави луѓето физички убави. Оваа технологија е корисна и за планирање на операцијата на пациентите – изјави претходно Де Силва, кој го користи овој метод со години.