СКОПЈАНЕЦ „ОПЕРИРАЛ“ ОД ЗАТВОР! Преку телефон вршел фиктивна купопродажба
Затвореникот преку телефонска комуникација и лажно претставување и прикажување на факти за фиктивна купопродажба, довел во заблуда сопственик на фирма, со што го навел да стори штета на имотот во вредност од 47.040 денари.
Затвореник од Скопје додека одлежувал затворска казна добил нова кривична пријава за измама. Тој од затворот во Прилеп преку телефон правел фиктивна купопродажба.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, во моментот на издржување на казна затвор во Казнено – поправната установа Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. На 21.09.2023 пријавениот, преку телефонска комуникација и лажно претставување и прикажување на факти за фиктивна купопродажба, довел во заблуда сопственик на правно лице, со што го навел да стори штета на имотот на правното лице во вредност од 47.040 денари“ – информираат од МВР.