ПРВИ ЗАГУБИ НА КОМПАНИИТЕ ОДГОВОРНИ ЗА ХАВАРИЈАТА НА ИТ СИСТЕМИТЕ ВО СВЕТОТ Паднаа акциите на „Краудстрајк“ и на „Мајкрософт“

Другите компании за сајбер безбедност во моментов профитираат на берзата и нивните акции се тргуваа повисоко денеска.

873

По хаваријата на ИТ системите со  која беа прекинати услугите на авиокомпаниите, банките и компаниите за финансиски услуги, ТВ и радио станиците и супермаркетите во светот, паднаа и акциите на двете компании одговорни за тоа.

Акциите на компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike)  која презеде одговорност за хаваријата паднаа за дури 21%.  






За 2,8% паднаа и акциите на „Мајкрософт“, откако производителот на софтверот Виндоус пријави прекин на сите свои онлајн услуги.

Другите компании за сајбер безбедност во моментов профитираат на берзата и нивните акции се тргуваа повисоко денеска.

Некои од значајните победници вклучуваат: SentinelOne, Palo Alto Networks, Fortinet и Cloudflare.

Поврзани содржини