📷 ХОРОР ВО НОВИ САД Двајца загинаа во опожарен стан, едниот имал 19 години

Пожарникарите наводно при гаснење на пожарот пронашле тела на двајца мажи, од кои еден имал 19 години.

1,579

Две тела се пронајдени во опожарен стан во центарот на Нови Сад, објави српски Курир.

Пожарникарите наводно при гаснење на пожарот пронашле тела на двајца мажи, од кои еден имал 19 години.






Пожарот избувнал на поткровјето на зградата.

Противпожарната служба, полицијата и екипите на брзата помош сѐ уште се на терен, а брзата помош му укажува помош на едно лице.

Според очевидци, чад излегувал на сите страни, а пожарникарите успеале да го локализираат пожарот. Соседите виделе како млад човек влегува во станот каде што избувнал пожарот.

Оттаму додаваат дека пожарот го пријавил доставувач на храна. Според нив, тој видел чад пред да избие пожарот и веднаш ги повикал пожарникарите кои бргу дошле и ја скршиле вратата од станот.

За жал, немало спас за двајцата мажи.

Причината за нивната смрт ќе се утврдува подоцна.

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Поврзани содржини