🎥 ПУТИН МУ ПОДАРИ ЛУКСУЗЕН „АУРУС“ И СЕРВИС ЗА ЧАЈ НА КИМ ЈОНГ УН Какви подароци си разменија двајцата лидери?

Ова е втор автомобил „Аурус“ што рускиот претседател Владимир Путин му се дава на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун.

505

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун разменија подароци. Путин на својот севернокорејски колега му подари нов автомобил „Аурус“, објави помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков.

Според него, ова е втор „Аурус“ што му се дава на Ким Јонг Ун. Покрај тоа, Путин му подари сервис за чај и адмиралска кама. Ушаков истакна дека и рускиот претседател „добил убави подароци“.






Тој не прецизираше за што станува збор, но навести дека станува збор за уметнички слики со ликот на Путин, вклучувајќи и бисти.

Претходно, во февруари оваа година, Путин му подари на Ким Јонг Ун „Аурус“, а севернокорејскиот лидер е првиот шеф на држава кој на подарок добил руски луксузен автомобил.

Во мај, на инаугурацијата на Путин, беше претставен новиот и рестилизиран модел на „Аурус“.

„Аурус“ е линија на луксузни автомобили која се произведува од 2013 година по налог на Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација.

Проектот вклучува развој на линија на автомобили за замена на возниот парк на службени автомобили на државни службеници, како и за комерцијална продажба.

Во мај 2021 година, производството на „Аурус Сенат“ беше лансирано во фабриката „Алабуга СЕЗ“ во Република Татарстан.

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун денеска во Пјонгјанг потпишаа сеопфатен договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Поврзани содржини