СЕ САМОУБИ УБИЕЦОТ НА ТАНКИЦА ОД КОЧАНИ Пронајден е мртов во притворската ќелија во Куманово

Ненад Цветковиќ, директор на Затвор Куманово во селото К’шање за МИА ја потврдува информацијата дека телото на осуденото лице е пронајдено околу 6 часот.

1,636

Усеин Рашидов кој лани на свиреп начин ја уби Танкица Маладеновска од Кочани, утринава е пронајден мртов во притворската ќелија.

Ненад Цветковиќ, директор на Затвор Куманово во селото К’шање за МИА ја потврдува информацијата дека телото на осуденото лице е пронајдено околу 6 часот.






Тој посочува дека се известени Јавното обвинителство и Судот, а телото е предадено на обдукција.

Рашидов беше осуден на доживотна казна затвор за стореното свирепо убиство, кој лани со 40 убоди ја усмрти Танкица.

Пресудата на Основниот суд во Кочани се уште не е правослина, бидејќи течат жалбените постапки, а во овој суд во тек беше и постапката за Рашидов за сторено кривично дело уцена, бидејќи со години изнудувал пари и ја уценувал Танкица со компромотирачки фотографии.

Поврзани содржини