📷 ЃОКОВИЌ ВО ПАРИЗ НА ШТАКИ Прва фотографија и емотивна порака по операцијата

Со задоволство ве известувам дека операцијата помина добро - ги извести Новак Ѓоковиќ своите фанови.

667

Новак Ѓоковиќ за првпат проговори по операцијата на коленото што ја имаше во Париз и поради која се повлече пред четвртфиналето на Ролан Гарос.

Српскиот тенисер не сакаше долго да размислува по повредата, но брзо донесе одлука за операцијата која успешно беше извршена на клиника во главниот град на Франција.






„Изминатиот ден морав да донесам некои тешки одлуки откако заработив повреда на менискусот за време на мојот последен натпревар. Сè уште обработувам сè, но со задоволство ве известувам дека операцијата помина добро. Многу сум благодарен на тимот лекари кои беа покрај мене, како и на огромната поддршка што ја добив од моите фанови. Ќе дадам се од себе за да бидам здрав и подготвен што побрзо да се вратам на терените. Мојата љубов кон овој спорт е силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме одржува. Одиме!“ – напиша Новак Ѓоковиќ во емотивната порака покрај фотографијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Поврзани содржини