ПАДНА КРАЛСКАТА КРУНА Панатинаикос е нов европски шампион
Шпанскиот тим во второто полувреме постигна само 26 поени, што е доволен показател за тоталната доминација на Грците во вториот дел од мечот.
Кошаркарите на Панатинаикос по цели 13 години повторно го освоија европскиот кошаркарски врв, триумфирајќи во финалето на Ф4 турнирот од Евролигата против Реал Мадрид со 80-95.
Во супер натпревар во кој Реал го имаше контрола во текот на првото полувреме, а потоа комплетно исчезна во вториот дел, Панатинаикос повеќе од заслужено дојде до седмата европска титула во својата историја.
Шпанскиот тим во второто полувреме постигна само 26 поени, што е доволен показател за тоталната доминација на Грците во вториот дел од мечот.