СИ ОДАМ СО КРЕНАТА ГЛАВА Мбапе се сели во Мадрид

Се очекува Мбапе во наредните денови да го официјализира своето заминување во шпанскиот гигант Реал Мадрид. 

276

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе изјави дека со крената глава се разделува со Пари Сен Жермен, откако парискиот клуб го совлада синоќа Олимпик Лион со 2:1 во финалето на Купот на Франција.

Мбапе овој месец објави дека ќе го напушти францускиот клуб на крајот на сезоната во чии редови настапуваше седум години, во кои стана најдобар стрелец на сите времиња со 256 гола.






Неговиот последен натпревар за клубот беше во саботното финале во Лил, во кое ПСЖ победи по головите на Усман Дембеле и Фабијан Руис во првото полувреме.

„Беше тешко и пријатно во исто време, бидејќи ова е финале и на крајот победивме. Исполнет сум со радост“, изјави Мбапе пред новинарите.

„Сето ова се убави спомени, многу години поминати, како во ПСЖ, така и во француската лига. Си заминувам со крената глава и со освоен трофеј“, додаде Мбапе.

Се очекува Мбапе во наредните денови да го официјализира своето заминување во шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Поврзани содржини