РОНАЛДО ПРАВИ ШОКАНТЕН ТРАНСФЕР!? Португалецот се враќа во Европа и тоа ќе игра во најголемата сензација сезонава

Новиот германски шампион кој сè уште е непоразен сезонава во ниту едно натпреварување ова лето сака да го доведе Роналдо и не го крие тоа. Главниот „виновник“ за кој Леверкузен го посакува Роналдо е Чаби Алонсо, кој играше со него во Реал Мадрид и кој го посакува во својот тим следната сезона.

545

Кога Кристијано Роналдо го напушти Манчестер Јунајтед и отиде во Ал-Наср во ноември 2021 година, сите веднаш помислија дека дојде крајот на неговиот сериозен фудбал.

Малкумина веруваат дека Роналдо до крајот на кариерата ќе се врати во европскиот фудбал, но сега доби одлична можност да го стори тоа, се разбира доколку сака. Како што пренесуваат медиумите од Саудиска Арабија, феноменалниот Роналдо добил покана која тешко се одбива, а доколку ја прифати, се подготвува за враќање во европскиот фудбал и Лигата на шампионите.






Алхаза Мутаб, новинар од Саудиска Арабија тврди дека раководството на Баер Леверкузен ќе направи сè за да го донесе Кристијано Роналдо во своите редови ова лето. Новиот германски шампион кој сè уште е непоразен сезонава во ниту едно натпреварување ова лето сака да го доведе Роналдо и не го крие тоа. Главниот „виновник“ за кој Леверкузен го посакува Роналдо е Чаби Алонсо, кој играше со него во Реал Мадрид и кој го посакува во својот тим следната сезона.

Наводно повикот го упатил самиот Чаби Алонсо, кој разговарал со Роналдо со надеж дека ќе го убеди да дојде во Бундеслигата, а како врвен адут ја споменал Лигата на шампионите. Сè уште не се знае каков ќе биде одговорот на Роналдо, но многумина веруваат дека наводeн повик на Алонсо може да биде клучот за одлуката на португалскиот великан.

Поврзани содржини