„НЕМА ПРЕДАВАЊЕ ПО НИКОЈА ЦЕНА“ Пендаровски најави двојна победа на 8 мај

Кандидатот за претседател на коалицијата на СДСМ рече и дека во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту еден конкретен одговор за  најголемите стратешки проблеми и дилеми.

260

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Скопје ги повика скопјани, но и сите граѓани на Македонија да размислат кому ќе ја дадат довербата в среда бидејќи, како што рече, ако се дограби ВМРО-ДПМНЕ до власт, последиците можат да бидат непоправливи и на среден и на долг рок, бидејќи, според него тоа се луѓе без искуство, без политичко искуство да водат држава, да водат град или општина.

Тој рече дека е сигурен оти в среда коалицијата на СДСМ и тој ќе извојуваат двојна победа.






-Кога ќе ги прашате што ќе правиме со нашето членство во НАТО, кое самите во својата програма го ставија како најголема вредност и најголема контрибуција за безбедноста на Македонија, тие велат ќе го почитуваме Преспанскиот одговор, но никогаш нема да изговориме Северна. Да го кажува ова дете од претшколска возраст па и ќе се насмеете. Кога го кажува возрасен човек, професор на факултет, кандидат за највисоката политичка функција, а тоа го повтори и денеска на последниот дуел кој го имавме, единствено ви останува да ја жалите госпоѓата – рече Пендаровски.

Пендаровски рече и дека во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту еден конкретен одговор за  најголемите стратешки проблеми и дилеми.

-Велат немало да ја менуваат Европската преговарачка рамка, таа ќе останела како што е. Меѓутоа ќе барале за возврат од Бугарија да исполнува одлуки на судот во Стразбур. Кога ќе и предочите на госпоѓата дека не е можно од 1957 кога е направена ЕУ, до ден денешен земја која е кандидат, која не е членка, да условува земја која е членка на ЕУ, што е азбука во сите меѓународни организации и кога ќе и кажете дека солидарноста меѓу земјите членки е примарна, не кон оние кои не се членки, таа само превртува со очи и буквално ништо не ви одговара – рече Пендаровски.

Осврнувајќи се на изјавите на неговата противкандидатка дека Рамковниот договор го надминал времето, Пендаровски истакна дека Македонија ќе опстои исклучиво како заедница на потполно рамноправни граѓани.

-Кога имате работа со луѓе кои за, а сите знаеме колку мртви колку повредени, колку инвалиди, колку деструкција имавме во таа 2001 и дека тие рани ден денеска не можеме да ги залечиме, тоа значи дек тие луѓе немаат осет во каква држава живеат, каква е популационата структура. Ако можело да функционира 23 години, не гледам причини да одиме по овие забегани теории, заговори и личности кои тврдат дека имале подобри решенија – рече Пендаровски.

Поврзани содржини