ПЕНДАРОВСКИ ГО „ПРЕДАДЕ” ДУЕЛОТ НА МТВ Силјановска Давкова остана сама да дебатира

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче. Не разбирам зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови“ - напиша Гордана Силјановска Давкова.

4,902

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на Твитер објави дека на вечерашната најзначајна претседателска дебата на националниот сервис, наместо со својот противкандидат од СДСМ, Стево Пендаровски, ќе дебатира со празно столче. Актуелниот претседател Пендаровски кој претендира за втор претседателски мандат, „го предаде“ дуелот на МТВ и избегна јавно соочување со својата противкандидатка во вториот круг од претседателските избори.

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче. Не разбирам зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови“ – напиша Гордана Силјановска Давкова.






Поврзани содржини
na