ПРЕДЛОГОТ НА МИЦКОСКИ ПОКАЖУВА КОЛКУ МНОГУ ТЕЖИМЕ Таравари откри дел од телефонскиот разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Предлогот на Мицкоски покажува дека и ВМРО-ДПМНЕ разбрала каде е тежината на гласот и на пратениците Албанци, изјави Арбен Таравари од Вреди.

1,947

Лидерот на колаицијата „Вреди“, Арбен Таравари, потврди дека по првиот круг од претседателски избори во средата имал телефонски контакт со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека добро е тоа што партијата – освојувач на најголем број на гласови е свесна, како што вели, за багажот што го има албанската опозиција.






– Предлогот на Мицкоски покажува дека и ВМРО-ДПМНЕ разбрала каде е тежината на гласот и на пратениците Албанци. Но, нашиот фокус како коалиција и како партија е работата за изборите на 8 мај, за најголем број мандати. По изборите ќе се водиме од националниот интерес на Албанците, од итната потреба да се исчисти власта од корупција и од нашата непреговарачка прозападна ориентација. Ние како Вреди сме пообединети од кога било. Нашиот глас е мнозинство од гласовите на Албанците. Нашите мандати одат кај пратениците Албанци. Бидејќи ние го штитиме напредокот на Албанците, не ги продаваме и не ги купуваме – порача Таравари.

Мицкоски на прес-конференција по затворањето на гласачките места во средата кажа дека телефонски се слушнал со претседателскиот кандидат на Вреди и му честитал за резулатот.

– Се слушнав со албанската опозиција, со г-динот Арбен Таравари, му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори, идна влада во Македонија – рече Мицкоски.

Поврзани содржини