БОКИ 13 СЕ ПРЕСМЕТА СО БАРДОВИТЕ И БАРДОВКИТЕ Што му згрешиле Орданоски, Борјан, Кабранов, Кочишки, Лила…

Таа уредничка екипа составена од Сашо Орданоски, Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Александар Чомовски, Борјан Јовановски, кога тргна сето ова да се готви против мене, знаеше дека нешто мене ми се подготвува. Бевме на состанок, им кажав дека нешто ми се спрема, а истата таа екипа ми го сврте грбот и се обиде да ми наштети, рече осудениот за предметот „Рекет“, Бојан Јовановски.

7,563

Огромни плати, далеку повисоки од македонскиот стандард добиваа сите тие бардови и бардовки, звучните новинарски имиња кои беа дел од екипата на 1ТВ, а кои подоцна ми го свртеа грбот. Многумина од нив ме наместија во целата оваа работа што ми се случи и многумина од нив, седејќи на маса заедно со мене, ми правеле завери. Могумина од нив имале нечесна намера и телевизијата ја гледале само како бунар од кој ќе пијат вода.

Таа уредничка екипа составена од Сашо Орданоски, Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Александар Чомовски, Борјан Јовановски, кога тргна сето ова да се готви против мене, знаеше дека нешто мене ми се подготвува. Бевме на состанок, им кажав дека нешто ми се спрема, а истата таа екипа ми го сврте грбот и се обиде да ми наштети.






Ова во 5-часовното гостување во поткастот на Стефан Лазаров го изјави осудениот за предметот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13.

– Сашо Орданоски, еден од уредниците, е човек за кој подоцна дознав дека работел за некакви служби кои пренесувале некакви информации од таа телевизија. Многу сум разочаран од Орданоски, бидејќи му подарив целосна доверба, а тој подоцна сведочеше против мене во Јавното обвинителство. Сашо Орданоски знаеше многу работи. Тој одеше заедно со мене на тајни средби со бизнисмени – рече Боки 13 во поткастот.

Го спомна и новинарот Борјан Јовановски за кого рече дека е целосно несериозен лик.

– За Бојан Јовановски не сакам ни да коментирам. Тој е еден целосно несериозен лик. Ние имавме една група на Фејсбук во која членувавме сите, а кога излегов од затвор и кога го вклучив телефонот, прочитав сѐ и сешто што си пишувале за мене меѓусебно. Во таа група прочитав разни гадости и ми стана одвратно што воопшто ги познавам тие луѓе. А во таа група членуваа Орданоски, Борјан Јовановски, Чомовски, Кочишка… Се договарале да пијат кафе и да се зезаат за моето апсење – изјави Боки 13.

Тој раскажа и за односот со тогашниот уредник на 1ТВ, Ацо Кабранов.

– Беше петок кога одлучивме во понеделник да одиме на одмор во Миконос заедно со Сергеј, Кочишка, Лила и Тони. Ацо Кабранов ми се јави во саботата, а ретко се случуваше во неработен ден да ми се јави. Но, тогаш ми се јави за да ме праша како сум, кај сум и што правам. Почна да ме испитува со кого ќе одам на Миконос, кога ќе одам и со што ќе одам. А јас, будала, му кажав сѐ. И доаѓа тој понеделник, а наместо на Миконос, моето летување заврши во затворот во Шутка. Кабранов ѝ ги дал информациите на Вилма Русковска – рече Боки 13.

Анета Кочишки тргна со мене за Миконос, ама подоцна се дистанцираше од мене, додаде Јовановски.

– Не испадна фер, ама не ѝ земам за зло. Едноствано, таа одлучи да се дистанцира од мене. А јас толку многу ја тинтрав додека бевме блиски – посочи Јовановски.

Јовановски се осврна и на водителката Лила Филиповска, со која во тоа време пред апсењето бил многу близок пријател.

– Сакам да знаете дека таа Лила Филиповска го има наместено Сергеј со полиција и дека го има наместено Сергеј во еден кафиќ тука во центар во близина каде што тој живее. Со агент провокатор го повикала Сергеј да се видат. Сергеј видно вознемирен отишол после кај мајка ми. Таа почнала да го прашува и да го испитува за случајот, за тоа каде завршила торбата она го прашува Сергеј. Притоа во тој момент во празен кафиќ седнува само уште еден човек карши блиску до нив. Подоцна, Лила дојде во суд и кажа дека повеќе не ми била пријател. Ти бе госпоѓо тргна со мене на одмор, што се промени? – рече Боки 13.

Поврзани содржини