ТОЈ ШТО БЕГА ОД ДЕБАТА ВО КАМПАЊА НЕМА ДА СЕ СПРАВИ СО ПРОБЛЕМИТЕ НИ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ Стевче Јакимовски вели дека е срамно што на локалните избори имало повеќе јавни дебати
Јакимовски нагласи дека е срамно што за локални избори се организираат повеќе дебати отколку за претседателски избори, за клучна функција во државата во период кога се бараат уставни измени, бришење на Македонците од Уставот, бришење на Бадентерот и слично.
Тој што сега не може да се справи со проблемите во изборната кампања, утре нема да биде спремен да се соочи и со проблемите како претседател, секогаш ќе оди по линија на помал отпор, истакна во денешното гостување во „Аргумент плус“ на ТВ24 претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
Јакимовски нагласи дека е срамно што за локални избори се организираат повеќе дебати отколку за претседателски избори, за клучна функција во државата во период кога се бараат уставни измени, бришење на Македонците од Уставот, бришење на Бадентерот и слично.
Јакимовски нагласи дека бара комплетно затворање на бугарското прашање.
– Кажува ли некој дека македонскиот јазик ќе биде последен услов за влез во ЕУ? Јас барам комплетно затворање на бугарското прашање. И за јазикот и за тоа од кога сме нација и за историските личности, кога ќе го затвориме целиот пакет може Бугарите да влезат во Уставот. Ние цело време се правиме дека не слушаме дека ќе ни поставуваат нови услови, само затоа што некој нема друга реторика различна од ЕУ и НАТО.
Мојата програма е дека треба да ја развиваме наменската индустрија, производство на оружје и опрема, крупни реформи во образованието, здравството, државната администрација која е нефункционална и гломазна. Не може луѓе да седат дома, а да примаат плата, не може полиција да нема доволно, не може обвинителите да се жалат дека немаат доволно истражители, да нема доволно воспитувачки, а во исто време илјадници луѓе да нишаат врата и да земаат плата, истакна Јакимовски.
Тој додаде дека најквалитетните амбасадори мора да се назначуваат во најсериозните земји и да го обновиме контактот со дијаспората, да се спроведува онлајн гласање и слично.
На прашање во врска со Европска Унија Јакимовски вели:
– Зошто мислите дека нам ни треба ЕУ, а ние не сме ѝ потребни на ЕУ? Овие бодликави живи кај Гевгелија на граница се за нас или за Европа? Тие што сакаат да ја поминат границата сакаат да одат во Куманово и Скопје или во Берлин, Хановер? Чии политики ние спроведуваме? Ние ја штитиме нивната граница, нив им е исто така битно да бдат сигурно дека ова подрачје и економски и политички и воено биде блиско со нив.
Претседателскиот кандидат нагласи дека доколку до 2030 година не влеземе во ЕУ, Македонија треба да си бара сопствен пат.
– Во земјата мора да се донесат инвестиции, инвеститори, нови работни места, да се покачи БДП-то, како сме тргнале ќе станеме земја на пензионери, кој ќе ни ги плаќа пензионерите?
30 години некој се обидува да ни наметне дека Европа ни ги решава проблемите, ЕУ ги отвора вратите за наш кадар да им служи нив, да им ги решава проблемите – вели Јакимовски.
– Јас се кандидирам на овие избори за да промениме нешто во општеството. Кој ни пречи да прекинеме со партиски вработувања, да гласаме онлајн, да имаме дебата – нагласи Јакимовски.