„ОПОЗИЦИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ Е ШОВИНИЗМОТ КОЈ БАРА 61 ПРАТЕНИК“ Османи од Охрид порача дека изборот е меѓу интеграција и изолација

Затоа ги обединивме сите заедници, изјави Османи, додавајќи дека единствената опозиција на Европскиот фронт е шовинизмот, кој бара 61 пратеник.

339

Караванот на Европскиот фронт денеска пристигна во Охрид. Кандидатот за претседател Бујар Османи, првиот човек на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и координаторот на изборниот штаб за 5-та единица Крешник Бектеши на средбата со граѓаните се заложија за европска и прогресивна иднина.

Османи им се заблагодари на граѓаните за поддршката и ја истакна историската симболика на овие избори. „Сега е моментот да им кажеме не на оние кои сакаат да го нарушат меѓуетничкиот соживот и да го запрат евроинтеграцискиот пат. Целта на Европскиот фронт, според Османи, е еднаквост и правда за сите.






– Затоа ги обединивме сите заедници – изјави Османи, додавајќи дека единствената опозиција на Европскиот фронт е шовинизмот, кој бара 61 пратеник.

Тој им порача дека престојните избори тие имаат избор меѓу две алтернативи – интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензија, прогрес наспроти враќање назад.

– Тоа се двете понуди што им се нудат на граѓаните на овие избори. Како кандидат на Европскиот фронт, ја нудам интеграцијата во ЕУ, и тоа во наредните пет години. Заокружување на седум години напор да станеме членка на Унијата. Ако ми успеа како министер да ги отворам преговорите со ЕУ, како претседател можам да ветам дека ќе го заокружам тој процес и до крајот на мандатот да станеме членка на ЕУ – рече Османи.

Во меѓувреме, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека државата има свое место во ЕУ и нареди Северна Македонија да направи уставни измени.

– 24 април е референдум. Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе останеме на место. Ние го избравме патот на иднината – интеграција. Затоа што, немаме друга алтернатива. Ако сакаме луѓето да живеат во мир, стабилност и безбедност, земјата мора да влезе во ЕУ – рече Ахмети.

Ахмети во суперлатив го претстави кандидатот на Европскиот фронт за претседател, Бујар Османи. Во меѓувреме, координаторот Бектеши истакна дека Османи нема конкуренција и дека тој е вистинскиот избор и веќе докажан на сите нивоа, за прв албански претседател.

 

Поврзани содржини