„НЕОДГОВОРНИ ВЕЈКИ СЕ ДОГОВОРИЛЕ ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ“ Силјановска Давкова вети дека нема да преговара без претходно да се договори со Владата и со Собранието
Секој ден се заблагодаруваат по трибините за разбирањето за „тешките државнички“ политики. Но,повеќе од 70% од граѓаните велат: „Не е точно дека таквите политики се во наш интерес. Тоа се политики кои ние не ги одобруваме“, нагласи Силјановска – Давкова на митингот во Гостивар.
„Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа. Не без да имам тези на хартија, без да имам варијанти и предлози. Не! Во спротивно, вие сте политичка вејка. Па тогаш, тоа што ќе ви го издиктираат, ќе го донесете овде како тројански коњ. А, потоа дури и ќе тврдите дека сте учествувале во неговото креирање. Тоа е неодговорен претседател! Тоа е неодговорен премиер! Тие се восхитени од средбите со странските државници бидејќи не се почитуваат себе си. А не се почитуваат зашто нема што да почитуваат во себе. Ним луѓе со интегритет и дигнитет им пречат“.
Ова е клучната порака од говорот на претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова на митингот во Гостивар.
– Mеѓу двете глави мора да има секогаш дијалог, компромис и заедничка политика, се разбира дека треба да се советувам и да настапувам и пред пратениците. Сите парламенти се главни креатори на сите политики, па и на надворешната и на безбедносната политика. Таму треба да оди претседателот. Не само како Дедо Мраз пред Нова година, туку многу пати. Многу пати,за да праша: sо каква политика, со каква платформа, со каква стратегија да настапиме? Регионална, европска или меѓународна? – објасни Силјановска Давкова.
Секој ден се заблагодаруваат по трибините за разбирањето за „тешките државнички“ политики. Но,повеќе од 70% од граѓаните велат: „Не е точно дека таквите политики се во наш интерес. Тоа се политики кои ние не ги одобруваме“, нагласи Силјановска – Давкова.