БИЛ ПРЕТЕПАН ПРЕД УЧИЛИШТЕТО Почина 15-годишниот ученик во Франција

543

Петнаесетгодишниот ученик кој беше тешко претепан во близина на своето училиште во градот Вири Шатијон на југот на Франција, почина денеска во болницата каде беше префрлен поради срцев застој, соопштија властите.

Според локалните медиуми, тинејџерот бил нападнат од неколку лица додека го напуштал училиштето, пренесува „Гардијан“.






Јавното обвинителство соопшти дека отворило истрага за убиството на момчето, а локалните власти соопштија дека на учениците и професорите ќе им биде укажана психолошка помош.

Тоа е еден од најновите насилни инциденти во француските училишта, откако неделава една тинејџерка привремено беше во кома откако беше претепана пред своето училиште.

Поврзани содржини