📷 ИДИЛИЧНА ПРАЗНИЧНА АТМОСФЕРА Северина го прослави Велигден со синот Александар и мајката Ана
Северина објави неколку фотографии на Инстаграм и откри дека, меѓу другите, била на ручек со синот Александар, мајката Ана и пријателот Борис Ружиќ
Хрватската пејачка го прослави Велигден со семејството и пријателите.
Северина објави неколку фотографии на Инстаграм и откри дека, меѓу другите, била на ручек со синот Александар, мајката Ана и пријателот Борис Ружиќ. Славењето на големиот празник се случило во Истра.
„Нашиот Велигден“, напиша Северина во описот на прекрасните семејни фотографии објавени на Инстаграм.
View this post on Instagram
Претходно пејачката ги покажа подароците што ги добила. Таа фотографираше капа со натпис „љубовта раѓа херои“ и шолја со натпис „Јас немам причина да се нервирам“.
На фотографиите се гледа и прекрасно декорираната маса.
View this post on Instagram
На Северина, потсетуваме, во средината на февруари судот и го врати синот. Врховниот суд претходно ја поништи пресудата на Жупанискиот суд во Сплит и му го врати старателството над синот Александар на неговиот татко Милан Поповиќ, но набрзо дојде до пресврт во случајот.
Жупанискиот суд во Сплит на седницата ја повторил претходната конечна одлука според која таткото и мајката се обврзани „договорно, заеднички и рамноправно да ја вршат родителската грижа“.
ФОТО: Инстаграм