КРАЈ НА СТЕРЕОТИПИТЕ Светски ден на лицата со Даунов синдром
Некои од лицата со Даунов синдром успеваат да обезбедат истакнати работни места. Меѓу нив се: Мар Галсеран од Шпанија, за која се верува дека е првиот човек со оваа состојба што влезе во европски регионален или национален парламент. Ели Голдстајн влезе во историјата како прва манекенка со Даунов синдром која ја краси насловната на магазинот „Вог“ . Хајди Кроутер е британска активистка за лицата со попреченост која има Даунов синдром и го оспорува законодавството кое дозволува фетусите со оваа состојба да бидат абортирани пред раѓањето.
Светскиот ден на лица со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21 март – симболично избран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.
Овој ден Обединетите нации го слават од 2012 година. Темата за оваа година е „Крај на стереотипите“. Нејзината цел е да се бори против постоечките идеи за луѓето со Даунов синдром, какви би можеле да бидат или што би можеле да прават.
За почеток, родителите на ваквите деца ширум светот апелираат до медицинските лица наместо „Жал ми е“, пред да им ја соопштат дијагнозата да велат: „Честитки“!
„Високи штикли“ и шарени чорапи
По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром 21 март, денеска се носат шарени чорапи и ноктите се лакираат во различни бои за да се покаже солидарност со лицата со Даунов синдром и истовремено да се подигне свеста на јавноста за односот кон луѓето со Даунов синдром.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.