АПСЕЊЕ ВО ГОСТИВАР, ПРИВЕДЕН Е ПЕДОФИЛ 50-годишен жител на Албанија допирал малолетничка

Гостиварец (54) претходно пријавил дека А. Т. во 2 наврата ѝ се приближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото на 14 март и на 15 март во Гостивар.

182

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчеравечер околу 20 часот на улица Гоце Делчев во Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А. Т. од Република Албанија.

– Гостиварец (54) претходно пријавил дека А. Т. во два наврата ѝ се приближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото на 14 март и на 15 март во Гостивар – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.






А. Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини