ОВА НЕ Е ИСТИОТ ПУТИН КОЈШТО ЈАС ГО ПОЗНАВАМ Поранешниот шеф на НАТО открива детали од соработката со рускиот претседател

Путин со кој се среќавав, со кого добро работев, со кого го основав Советот НАТО-Русија, е многу, многу поинаков од овој сегашен мегаломан - изјави Лорд Робертсон за Би-Би-Си.

901

Џорџ Робертсон, поранешниот шеф на НАТО, во интервју за Би-Би-Си, зборуваше за раните денови на владеењето на рускиот претседател Владимир Путин, кој во тоа време размислувал за евентуално вклучување на Русија во Алијансата.

– Путин со кој се среќавав, со кого добро работев, со кого го основав Советот НАТО-Русија, е многу, многу поинаков од овој сегашен мегаломан, изјави Лорд Робертсон за Би-Би-Си.






– Човекот стоеше покрај мене во мај 2002 година рече дека Украина е суверена и независна национална држава која ќе носи свои безбедносни одлуки, а сега тоа е човек кој вели дека Украина не е држава – додаде тој.

Лорд Робертсон потсети како рускиот лидер размислувал за НАТО.

– На вториот состанок отворено ме праша: „Кога ќе ја поканите Русија да влезе во НАТО? Му реков дека не покануваме земји, тие самите се пријавуваат, а тој ми одговори: „Па, нема да застанеме во ред покрај еден куп земји кои не се важни“.

Сепак, поранешниот шеф на НАТО не верува дека Путин навистина сакал да поднесе барање за членство.

– Тој сакаше тоа така да го претстави. Мислам дека тој секогаш мислеше, а сега уште повеќе мисли, дека Русија е голема нација на светската сцена и има потреба од почитта што ја имаше Советскиот Сојуз – додаде Робертсон.

 

Поврзани содржини