И СО ИСТЕЧЕНИ ДОКУМЕНТИ ПРЕД 9 МЕСЕЦИ ЌЕ СЕ ГЛАСА НА ИЗБОРИТЕ Огромно мнозинство пратеници ги изгласаа измените

Со усвоените предлог-измени на Изборниот законик, дополнително се овозможува граѓаните кои наполниле 18 години заклучно со денот на изборите, односно помеѓу двата изборни круга, да може да гласаат приложувајќи документ за лична идентификација.

496

Собранието попладнево, со огромно мнозинство, ги усвои измените на Изборниот законик според кои избирачите да може да гласаат со лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите.

Измените кои беа донесени по брза постапка синоќа, со поддршка и на мнозинството и на опозицијата, беа поднесени до Собранието.






Со усвоените предлог-измени на Изборниот законик, дополнително се овозможува граѓаните кои наполниле 18 години заклучно со денот на изборите, односно помеѓу двата изборни круга, да може да гласаат приложувајќи документ за лична идентификација.

Предлог-измените на Изборниот законик, со кои, меѓу другото, времено се отстрануваат ограничувањата врз основа на истечените документи за идентификација на изборите, во парламентот беа усвоени со 84 гласа „за“, додека двајца пратеници гласаа „воздржано“.

Поврзани содржини