ПЛУСИНФО БАРА НОВИНАРИ Можност за усовршување и напредок во кариерата
На кандидатите им нудиме солидни примања, одлични услови за работа и шанса за усовршување и напредок во кариерата.
Порталот Плусинфо бара новинари кои би се приклучиле на редакцискиот тим.
На кандидатите им нудиме солидни примања, одлични услови за работа и шанса за усовршување и напредок во кариерата.
Од кандидатите бараме да поседуваат солидно формално и неформално образование.
Познавањето англиски јазик, поседувањето вештини битни за работа на новинар во ерата на дигиталното новинарство и спремноста за организирано и самостојно обучување и усовршување ќе се сметаат за предност на кандидатите.
Ги повикуваме заинтересираните да испратат куса биографија (CV) и мотивациско писмо на адресата на редакцијата: [email protected]
Дел од кандидатите ќе бидат повикани на интервју во Редакцијата.
Ве очекуваме.
Плусинфо издаваштво
Скопје