📽 РОНАЛДО ОФИЦИЈАЛНО СУСПЕНДИРАН Португалецот мора да плати за недоличното однесување кон навивачите
Кристијано Роналдо е суспендиран на еден натпревар и ќе мора да плати 20.00 саудиски ријали поради непримерен гест упатен кон навивачите на Ал Шабаб.
Дисциплинскиот и етичкиот комитет на фудбалската федерација на Саудиска Арабија (САФФ) го суспендира играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо на еден натпревар поради непримерен гест упатен кон навивачите на Ал Шабаб, пренесува АП.
Роналдо е казнет и со 20.000 саудиски ријали (5.333 долари).
Ал Наср пред 4 дена на гостински терен го победи Ал Шабаб со 3:2 во 21. коло од Професионалната лига на Саудиска Арабија. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Роналдо непримерно гестикулира кон домашните навивачи, додека од трибините се слушаа извици „Меси, Меси“.
Cristiano Ronaldo has been suspended for one match after making this gesture towards Al Shabab fans during a recent game…
Deserved? 😂 pic.twitter.com/6hc0ojrRNI
— Project Football (@ProjectFootball) February 29, 2024
АП наведува дека португалскиот фудбалер нема право на жалба, а поради суспензијата ќе мора да го пропушти вечерашниот натпревар против Ал Хазим.
„Ги почитувам сите клубови. Мојот потег не е срамен, навикнати сме во Европа“ – наводно напишал Роналдо во официјалното соопштение испратено до Дисциплинската и етичкиот комитет на SAFF.
Роналдо е најдобар стрелец во Професионалната лига на Саудиска Арабија со 22 гола.