ПО ПИЖАМИ ДЕЛЕШЕ СОВЕТИ ЗА МОСТОТ БЕЛАСИЦА Данела се пожали од односот на деканот на Градежниот факултет

Вие да давате дијагностика за мост, да ги плашите граѓаните на целиот град Скопје, да кажувате нешто за кое не сте излегле на лице место да го погледнете и да направите каква било анализа, да тврдите и да сеете страв. Деканот кажа многу работи за кои ниту една не се воспостави дека е вистинита, вели Арсовска во интервју за 360степени.

10,700

Во интервју за емисијата 360 степени градоначалничката на Скопје тврдеше дека деканот на Градежниот факултет по пижами давал дијагностика за мостот Беласица.

– Тој ли е истиот декан што од дома по пижами по телевизија даваше дијагностика на мостот, на тој мислите – кажа Арсовска.






Новинарот ѝ сугерираше на Арсовска дека деканот не давал дијагностика за мостот  туку дека има кажано оти во Македонија не постои институција што би испитала колку е тој мост безбеден. Тој исто така посочи дека ваквите квалификации „по пижами“ се непристојни од нејзина страна.

Арсовска одговори:

– Вие да давате дијагностика за мост, да ги плашите граѓаните на целиот град Скопје, да кажувате нешто за кое не сте излегле на лице место да го погледнете и да направите каква било анализа, да тврдите и да сеете страв. Деканот кажа многу работи за кои ниту една не се воспостави дека е вистинита.

Поврзани содржини