СИТЕ БЕГААТ ВО ЕВРОПА Земјите на ЕУ преплавени со над 1,14 милиони барања за азил

Сиријците и Авганистанците го сочинуваат најголемиот број баратели на азил, турските државјани кои поднеле 82% повеќе барања од претходната година, ја сочинуваат третата по големина група баратели на азил според податоците на Европската агенција за азил.

250

Над еден милион луѓе во 2023 година побарале азил во земјите од Европската унија. Бројот на барања за азил во 2023 година е скокнат за 18%, на 1,14 милиони, што е најголем број од мигрантската криза 2015/2016 година, покажаа денеска податоците на Европската агенција за азил –ЕУАА (EUAA).

Новите податоци најверојатно ќе додадат масло на веќе вжештената дебата за миграцијата и зајакнувањето на екстремната десница пред серијата локални и национални избори низ Европа и изборите за Европскиот парламент во јуни.






Сиријците и Авганистанците го сочинуваат најголемиот број баратели на азил, покажуваат податоците на ЕУАА. Турските државјани ја сочинуваат третата по големина група баратели на азил, кои поднеле 82% повеќе барања од претходната година.

Бројот на Палестинци кои поднеле барање за азил поради војната меѓу Израел и Хамас е зголемен на рекордни 11.600. ЕУАА, меѓутоа, забележува дека е многу тешко точно да се регистрира нивниот број бидејќи повеќето земји на ЕУ не ја признаваат Палестина како држава.

Поврзани содржини