КАНДИДАТОТ НА ДУИ НЕ ГО ГЛЕДА КАКО КОНКУРЕНЦИЈА Таравари вели дека со Пендаровски ќе се натпреварува за влез во втор круг

Реално и според анкетите, само Пендаровски би можел да нè предизвика во првиот круг, за тоа кој ќе влезе во вториот, одлучувачки круг - рече Таравари.

356

Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател Арбен Таравари во настап на ТВ21 порача дека само актуелниот претседател Стево Пендаровски би можел да го предизвика на претстојните избори.

– Зависно од кампањата, реално и според анкетите, само Пендаровски би можел да нè предизвика во првиот круг, за тоа кој ќе влезе во вториот, одлучувачки круг – рече Таравари.






Тој додава дека врз база на анкетите ВМРО ДПМНЕ е многу понапред со рејтингот.

Како што е најавено, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците ќе биде кандидат за претседател на државата од Здружената албанска опозиција под име „Вредности“.

 

Поврзани содржини