📽 „НОСОТ МУ Е ПОЛН СО КОКАИН“ Камерите го фатија Дикаприо во незгоден момент на Супербол
На овогодинешниот Супербол, бројни познати личности се собраа да го проследат натпреварот помеѓу Канзас Сити Чифс и Сан Франциско 49-ерс и настапот на Ашер на полувремето од трибините.
На овогодинешниот Супербол, бројни познати личности се собраа да го проследат натпреварот помеѓу Канзас Сити Чифс и Сан Франциско 49-ерс и настапот на Ашер на полувремето од трибините.
Камерите го забележаа познатиот холивудски актер Леонардо Дикаприо меѓу бројната публика.
Во моментот кога Дикаприо беше прикажан на големото платно, актерот ја спушти главата и нервозно го триеше носот.
@buddymull50 #leonardodicaprio #superbowl #49ers #kansascitychiefs ♬ Cocaine – Nomy
Не им требаше многу време на луѓето на социјалните мрежи да почнат да коментираат дека Дикаприо бил снимен токму во моментот кога шмрка кокаин.
„Снимен е во најлошиот можен момент“, „Лео проверува за да се увери дека носот му е чист“, „Дикаприо само што рекреираше сцена од „Волкот од Волстрит““, „О Лео, како да бутнал цела крофна носот“, „Носот му е полн со кокаин“, се дел од коментарите.
Инаку, покрај Дикаприо, на стадионот беа снимени и бројни други ѕвезди како Тејлор Свифт, Блејк Лајвли, Пол Руд, Џеј Зи, Бијонсе, Ким Кардашијан, Кендал Џенер, Џастин Бибер, Гвен Стефани и многу други.
ФОТО: Тик-ток