🎥 ЈА СЛУШАА ХИМНАТА СО „ПИШТОЛ“ ВО ГЛАВА Фудбалерите на Конго испратија порака до светот

Пред полуфиналниот натпревар на Африканското фудбалско првенство, фудбалерите на Конго ја искористија можноста да испратат политичка порака од теренот, па во знак на протест против насилството и убиствата што се случуваат во нивната земја, со покриени усти и вперен „пиштол“ во главите ја слушаа националната химна.

1,925

Светот го потресе сцената пред полуфиналниот натпревар на Африканското фудбалско првенство, во кој репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска го победи ДР Конго со 1:0. Фудбалерите на Конго го искористија пеењето на националната химна на нивната земја пред натпреварот за впечатлив протест против бруталната граѓанска војна со милиони мртви и прогонети и незамисливи злосторства што континуирано ја потресуваат таа земја во изминатите три децении.

Фудбалерите ја искористија можноста да испратат политичка порака од теренот, па во знак на протест против насилството и убиствата што се случуваат во нивната земја, со покриени усти и вперен „пиштол“ во главите ја слушаа националната химна.






Луѓето во ДР Конго страдаат ужасно со децении, а во последно време најжестоките конфликти се во источниот дел на земјата меѓу редовната армија и бунтовничките паравоени сили. Поради ескалацијата на конфликтот, околу 1,5 милиони луѓе беа принудени да ја напуштат областа, додека стотици илјади од нив загинаа.

Според проценките на меѓународните организации, над 6 милиони луѓе загинале во конфликтите во Конго во последните 30 години, а многу повеќе ги напуштиле своите домови. Околу 2 милиони деца се изложени на ризик да умрат од глад.

Сето ова се случува во втората по големина африканска земја, која има 112 милиони жители и е исклучително богата со природни ресурси. И покрај тоа, ОН ја рангираат меѓу 33-те најнеразвиени земји во светот.

Видеото со протестот на фудбалерите на Конго може да се види на следниот ЛИНК

Поврзани содржини