ДЕСЕТ ДЕЦА ЗАГИНА ВО ИЗРАЕЛСКИ НАПАД НА БЕЗБЕДНА ЗОНА Продолжуваат бруталните борби во Појасот Газа
Во израелски напад на југот на Газа загинаа маж и неговата сопруга, седум од нивните деца и три други деца, на возраст од 5 до 14 години, според списокот на загинатите чии тела се пренесени во болницата Насер во Кан Јунис.
Израелските одбранбени сили сè уште водат жестоки битки за контрола на Појасот Газа во, како што велат израелските власти, мисија за уништување на Хамас. Израелските војници веќе го окупираа северниот дел на Газа, површина од 365 квадратни километри каде живеат околу 2,3 милиони Палестинци, а сега ги интензивираат нападите на југ.
Цели населби на густо населениот град Газа се срамнети со земја со интензивни израелски гранатирања, ракетни и воздушни напади и во нив повеќе нема услови за живот. Иако независните набљудувачи се во голема мера блокирани, Министерството за здравство под контрола на Хамас соопшти дека се убиени повеќе од 22.300 луѓе, а ОН велат дека 1,9 милиони луѓе се раселени.
Во израелски напад на југот на Појасот Газа, во област која израелската армија ја прогласи за безбедна зона, според извори блиски до палестинската болница, денеска загинаа 12 лица од кои повеќето се деца.
Погодена е куќа во Муваси, мала рурална област во јужниот дел на Газа долж брегот на Средоземното Море која беше прогласена за наводно безбедна зона откако израелската армија соопшти дека Палестинци можат да се засолнат таму од зоната на конфликтот.
Во експлозијата загинаа маж и неговата сопруга, седум од нивните деца и три други деца, на возраст од пет до 14 години, според списокот на загинатите чии тела се пренесени во болницата Насер во Кан Јунис.