КИСЕЛА БОЖИКНА ПОРАКА НА МЕДВЕДЕВ ДО ЕУ „Како иде Дими, сé е по план?“
Сѐ оди според планот – а, Дими?, одговори еден корисникот на твитот на Медведев, мислејќи на новите 12. по ред санкции на ЕУ за кои се зборува дека посериозно ќе ја погодат руската економија.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев на социјалните мрежи во неделата објави божикна честитка во која ја критикуваше Европа нарекувајќи ја „целосно болна“.
„Постојано висока инфлација и отсуство на економски раст, целосно бојкотирање на снабдувањето со енергија од Русија и нејзиниот пазар, толпи Украинци кои безделничат и шетаат по улиците на Европа, со надоместоци повисоки од пензии од оние на Европејците, дегенерирани политичари кои врескаат за војна меѓу Украина и Русија до победа… Европа, здраво! Што не е во ред со тебе, дали си целосно болна? Среќен Божиќ!“, напиша Медведев на Икс.
Коментарот на Медведев доаѓа само неколку дена откако Советот на ЕУ го одобри 12-тиот пакет санкции за Русија. Во последователен пост Медведев наведе напис на БНН за инфлацијата во Германија, но и на Би-Би-Си каде се вели дека иако инфлацијата во Велика Британија опаѓа, сегашните 3,9 отсто се речиси дупло од 2 отсто на кои цели централната банка во земјата.
Многу од коментарите на постот на Медведев се согласуваа со неговото мислење. „Европа е континент против себе“, напиша еден корисник.
Но, друг напиша, „Сѐ оди според планот – а, Дими?“, мислејќи на новите санкции на ЕУ за кои се зборува дека посериозно ќе ја погодат руската економија.
Persistently high inflation and absence of economic growth, boycotting energy supplies from Russia and its market altogether, crowds of Ukrainians idly roaming the streets of Europe, with allowances higher than Europeans’ pensions, degenerate politicians screaming of war between…
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 24, 2023
Медведев исто така изјави дека безбедносните гаранции кои земјите на Г7 ѝ ги дале во јули на Украина се бескорисни, а дека можат да го отворат патот за воена база на НАТО во земјата, што може да предизвика директен судир со Москва.
Во исто време, тој сугерираше дека декларацијата е бескорисно парче хартија кое „нема никаква додадена вредност“.
– Ова е само јавна изјава, која значи дека тоа е бескорисно парче хартија – рече тој.
Ова би можело да го отвори патот за конфликт од големи размери во кој ќе бидат вклучени земја на НАТО и Москва, смета Медведев.
– Кога Русија ќе нападне таква база – и тоа неизбежно ќе се случи бидејќи воениот персонал од базата дојде специјално да се бори против нас – дали земјите од Алијансата ќе бидат подготвени за колективен одговор? – прашува тој.