„ЕУ ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА РАСТОТ“ Медведев ги коментираше последните европски санкции против Русија

На 18 декември Европската унија воведе нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат економски и кадровски ограничувања, вклучително и забрана за увоз на руски дијаманти. Со поединечните санкции се опфатени 147 лица, од кои 61 поединец и 86 организации.

837

Претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев во свој стил го прокоментира  последниот пакет санкции на ЕУ против Русија споредувајќи го притоа растот на европската економија со руската годинава.

„Стапи во сила дванаесеттиот пакет санкции против Русија. Во меѓувреме, европската економија постојано запаѓа во рецесија. Во Германија БДП е минус 0,2 отсто на годишно ниво во вториот квартал, а минус 0,3 отсто во третиот. Во Франција, тоа е плус 0,5 отсто во вториот квартал, но минус 0,1 отсто во третиот.
Ова ужасно намалување може да трае до средината на 2024 година. Спротивно на тоа, рускиот БДП додаде 5,5 отсто на годишно ниво во третиот квартал и 7,8 отсто во вториот квартал. Сега е вистинско време да размислиме за уште еден пакет санкции против нашата земја. ЕУ, ви благодариме за растот “, напиша Медведев на мрежата Х.






На 18 декември Европската унија воведе нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат економски и кадровски ограничувања, вклучително и забрана за увоз на руски дијаманти. Со поединечните санкции се опфатени 147 лица, од кои 61 поединец и 86 организации.

Поврзани содржини