КОВАЧКИ УПОРНО БАРА ОДГОВОР Спасовски да каже дали возилото со кое е киднапирана Вања 3 дена се движело по скопските улици?

Ковачки смета дека е клучен одговорот на прашањето- зошто кога семејството на убиениот Панче пријавува дека тој е исчезнат со возилото уште на 22 ноември не е распишана централна објава?

616

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска потсети уште еднаш на прашањето поставено до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали убиството на Вања Ѓорчевска можело да се спрели, ако МВР навреме го пронашла возилото на исто така убиениот Панче Жежоски?

– И по 48 часа од поставените прашања до Спасовски, а со цел разјаснување на дилемата дали убиството на Вања можело да биде спречено, тој молчи. Спасовски молчи и не одговара дали возилото на убиениот Панче, со кое е киднапирана Вања, 3 дена се движело по скопските улици. Ова е важно затоа што доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи- вели Ковачки.






Тој смета дека како партија се должни да ги објават новите сознанијата и да се разјаснат дилемите што ги имаат околу случајот.

– Спасовски мора јасно и без политизирање и филозофирање да одговори дали возилото на убиениот Панче влегло во Скопје од правец на Велес уште на 24 ноември, 15 тина минути пред 7 часот и дали се до 27 ноември – денот на убиството на Вања, истото се движело низ Скопје, без полицијата да ги приведе убијците? Дали истото возило поминало на истата локација од која што влегло на 24 и на 25 вечерта?Спасовски мора да одговори, дали МВР знаела, т.е. имала можност да го лоцира возилото, но тоа не е направено затоа што не распишале централна објава?- вели Ковачки.

Тој смета дека е клучен одговорот на прашањето – зошто кога семејството на убиениот Панче пријавува дека тој е исчезнат со возилото уште на 22 ноември не е распишана централна објава?

– Доколку Спасовски искрено одговори на истото, нема да има човек во Македонија на кого нема да му биде јасно дали имало или не пропуст во истрагата и дали животот на Вања можел да биде спасен – додава тој.

 

Поврзани содржини