РЕЧЕ, ПА ОДРЕЧЕ Пендаровски, сепак, не се откажал од трката за втор мандат
„Премногу е рано да се даде таков одговор. Сѐ ќе зависи од поддршката на граѓаните и на партиите“, реагирале од Кабинетот до неколку национални телевизии кои ја пренесоа изјавата на Пендаровски.
Денеска претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање дали размислува да се кандидира за нов мандат на претседателските избори во април идната година, кажа кусо и категорично НЕ. Тој не го образложи потоа неговиот кус одговор. Но, од неговиот кабинет ја релативизираа изјавата.
„Премногу е рано да се даде таков одговор. Сѐ ќе зависи од поддршката на граѓаните и на партиите“, реагирале од Кабинетот до неколку национални телевизии кои ја пренесоа изјавата на Пендаровски.
Прашање е дали оваа изјава на Пендаровски предизвикала мал политички потрес во владејачката коалиција, со оглед на тоа што Пендаровски важи за еден од фаворитите за претседател, кој би бил поддржан и од ДУИ.
ПЕНДАРОВСКИ НЕ ПЛАНИРА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ВТОР МАНДАТ Претседателот рече „не“ без образложение