ЌЕ ДУВА ЗАСИЛЕН ВЕТЕР Утрото ќе биде под 0 степени

347

Денеска претпладне понекаде вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец, информира УХМР.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.






Утринската температура ќе се спушти под нула, а максималната дневна на југот од државата ќе биде 10 степени.

Метеоролозите од среда најавуваат дожд и снег.

Поврзани содржини