РУСИЈА ЌЕ ГО НАПАДНЕ НАТО, ПА ТОГАШ АМЕРИKAНСКИТЕ ДЕЦА ЌЕ СЕ БОРАТ Зеленски со остра порака поради намалената помош на Западот за Украина

Веќе можеме да ги видиме последиците од пренасочувањето на вниманието на меѓународната заедница поради трагедијата на Блискиот Исток, украинскиот претседател.

1,142

Украина не го доби целото потребно оружје од сојузниците, се пожали украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Веќе можеме да ги видиме последиците од пренасочувањето на вниманието на меѓународната заедница поради трагедијата на Блискиот Исток – рече тој.






– Само слепите не го гледаат тоа. Не смееме да дозволиме Западот да заборави на војната – вели тој.

Зеленски рече дека таа промена на фокусот може да доведе до помала економска и воена помош за неговата земја.

Неодамнешната анкета на АП во САД покажа дека речиси половина од Американците мислат дека се троши премногу за Украина. Се поголем број републиканци не се за испраќање поголема помош и не е јасно дали и кога барањето на Белата куќа за поголема помош ќе биде одобрено од Конгресот.

На прашањето за ова, Зеленски тврди дека Американците, помагајќи и на Украина, си помагаат и самите себеси.

– Во случајот со Украина, ако пропадне отпорот денес поради недостаток на помош и недостаток на оружје и финансиски средства, тоа ќе значи дека Русија најверојатно ќе ги нападне земјите на НАТО. И тогаш децата на Америка ќе се борат – додаде тој.

Поврзани содржини
na