ВОЗ УДРИ ВО КОМБЕ, ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ Несреќа се случи на пругата Скопје-Табановце

Оштетено е само комбето, додека материјална штета на пругата нема, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.

91

Две лица се повредени вчера наутро откако воз, кој сообраќал на релацијата Скопје – Табановце удрил во комбе на железничкиот премин кај кумановското село Лопате.

„Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Оштетено е само комбето, додека материјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.






Железничкиот собраќај бил нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој, информира МЖ.

 

Поврзани содржини