📽 ГО ДРЖИ НА ВРАТА И ГО ТЕПА Тензична улична пресметка во центарот на Куманово
Едното од лицата држи друго лице на автомобилската врата тепајќи го. Се слушаат и пцовки на албански јазик.
Тензична снимка од тепачка која се случила синоќа во центарот Куманово објави порталот Скопје1. На видеото се гледа како две лица излегувајќи од бел автомобил напаѓаат други две лица во автомобил паркиран пред нивниот. Едното од лицата држи друго лице на автомобилската врата тепајќи го. Се слушаат и пцовки на албански јазик.
Кумановската полиција ќе поднесе пријава против две лица од липковското село Опае, бидејќи ги сомничи за физички напад врз две лица во центарот на Куманово, соопшти денеска полицијата. Видеото од физичкиот напад синоќа се прошири на социјалните мрежи и предизвика внимание во јавноста.
СВР Куманово утрово информираше дека работи на расчистување на случајот, откако триесет и тригодишен кумановец го пријавил случајот во полицијата по полноќ.
„Денеска во СВР Куманово бил извршен службен разговор со Б.Р.(23) и А.Р. (22) од село Опае, липковско. Тие се сомничат дека вчера, околу 19:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Куманово физички ги нападнале Р.Н.(33) и Н.М., двајцата од Куманово“, пишува во соопштението СВР Куманово.
По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Страотна тепачка и пцуење во Куманово: го држи стиснат во врата, додека го боксува pic.twitter.com/tstiNwsMgZ
— Skopje1.mk (@Skopje1mk) November 19, 2023