СОПРУГАТА МУ КУПИЛА КАПУЧИНО, ПА МУ ТРГНАЛО Скопјанец освои рекордни 340.000 евра на автомат

425

С.Б. од Скопје го освои најпосакуваниот џекпот Супер милионер вреден 20.890.990 денари. Тој ја сподели својата среќна приказна.

– Долго време посакувал да стане ВЛТ добитник. На 13.11.2023, негов пријател купил нова куќа, па посакал и тој да има нова куќа. Во 18 часот, неговата сопруга му купила капучино, а С.Б. со 1.000 денари, одлучил да си ја проба среќата. Во 18.20 часот, на видеолотариските терминали во „Златна копачка“ во населбата Ченто во Скопје, додека ја играл играта „Флеминг хот“, желбата му се остварила. Тој стана добитник на рекордниот добитен износ на Супер милионер џекпот на Видолотарија Касинос Австрија за 2023, вреден 20.890.990 денари. Со парите од добивката планира да си купи нова куќа и нов автомобил – раскажаа од Видеолотарија.






ВЛТ ги потсетува играчите дека е активна дополнителната џекпот добивка Новогодишен Супер милионер. Овој џекпот има дефиниран опсег на добивка од 24 до 33 милиони денари.

Поврзани содржини