ПОДОБРО МРТВА ОТКОЛКУ ЗАРОБЕНА ОД ХАМАС Татко ја нарече „благослов“ смртта на неговата 8-годишна ќерка

Ми рекоа: „Ја најдовме Емили. Таа е мртва, а јас само реков „Да!““, реков „да“ и се насмевнав, бидејќи тоа беше најдобрата вест од можностите што ги знаев - рече ирскиот државјанин Томас Ханд тресејќи се.

1,395

Ирецот Томас Хенд, кој живее во кибуц во Израел и за чија осумгодишна ќерка Емили се потврди дека била убиена од терористите на Хамас, рече дека „тоа е благослов“ и „најдобрата можна вест“ со оглед на она што можело да ѝ се случува како заложник на терористите.






Терористите упаднаа во нивниот кибуц околу 7 часот наутро во саботата, масакрирајќи најмалку 100 луѓе, пишува „Дејли мејл“.

Хенд рече дека кибуцот бил под оган околу 12 часа тој ден, а за целото време тој не знаел каде се наоѓа неговата ќерка, која отишла да спие кај соседите – нешто што таа ретко го правела.

– Таа не го прави тоа често, но за жал таа ноќ, таа ноќ – петок навечер – отиде да спие кај нејзината пријателка – рече Ханд.

Следното утро кибуцот бил нападнат.

Во потресно интервју за Си-Ен-Ен, Ханд се расплака додека го раскажуваше моментот кога конечно му било кажано дека телото на неговата ќерка е пронајдено – и рече дека му било полесно што таа не била киднапирана.

– Ми рекоа: „Ја најдовме Емили. Таа е мртва, а јас само реков „Да!““, реков „да“ и се насмевнав, бидејќи тоа беше најдобрата вест од можностите што ги знаев – рече Ханд тресејќи се.

Ако знаете што им прават на луѓето во Газа, тоа е полошо од смртта. Таа немаше да има храна. Немаше да има вода. Би била во темна просторија исполнета со којзнае колку луѓе. И преплашена секоја минута, час, ден, а можеби и години што доаѓаат. Така што смртта беше благослов, апсолутен благослов – рече таткото.

Поврзани содржини