СРБИЈА ЌЕ ОДИ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ НА 17 ДЕКЕМВРИ Вучиќ го прифати барањето на опозицијата

Изборите се важни за граѓаните кога се создава лажен впечаток за криза на легитимитет - рече претседателот на Србија Александар Вучиќ.

240

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека ќе распише избори за 17 декември 2023 година. Вучиќ додаде дека ќе има белградски, парламентарни и војводински избори, јавуваат локалните медиуми.

– Изборите се важни за граѓаните кога се создава лажен впечаток за криза на легитимитет – додаде претседателот на Србија.






Вучиќ и на крајот на септември најави дека е можно изборите да се одржат на 17 декември, велејќи дека е подготвен за нив.

На 11 септември претставниците на опозицијата, кои ги организираат протестите „Србија против насилството“, поднесоа барање со кое се бара од Вучиќ да распише вонредни парламентарни избори и локални избори за Белград до крајот на 2023 година.

Српската опозиција моментално е поделена на два табора во политичкиот спектар. Еден се нарекува проевропски и собира партии на центарот, левиот центар, граѓански движења, здруженија и иницијативи, а сите заедно се организатори на протестот „Србија против насилството“.

Од друга страна, десничарската опозиција тврди дека е „суверенистичка“ или „патриотска“. Неодамнешниот „Договор за победа“ засега е генерално поддржан од двете страни на политичкиот спектар, па може да се очекува дека на изборите ќе ѝ се спротивстават на владејачката коалиција на Српската напредна партија и социјалистите (СПС), заедно со некои помалите партии, вклучително и партијата на пензионерите.

Поврзани содржини