Човекот во чиј подрум МВР најде дрога е началник за криминалистички истраги и е поранешен истражител на СЈО, тврдат извори во полицијата за Експрес.мк.
Можеби ќе ве интересира
Според изворите, началникот бил сопственик на една од двете простории кои пред неколку дена биле предмет на истрага и во која е најдена поголема количина на дрога.
МВР на 27 септемвритогаш информираше за акцијата и за еден уапсен против кој е поднесена соодветна пријава, но она што не извести МВР е дека една од тие две подрумски простории е сопственост на началник во одделот за организиран криминал.